Ваш пријател и партнер од 1990

Лиценца Б ISO9001 ISO14001 ISO 18001:2007

За нас

БИГМАК е основан во 1989 година и повеќе од 25 години успешно дејствува во областа на градежништвото.

Со вложен огромен труд и чесна работа БИГМАК со текот на годините стана една од водечките фирми од областа на производството, продажба и монтажа на профилирани наребрени лимови, комплетна лимарска галантерија, челични конструкции, производство на елементи за сува градба и други пропратни елементи од лим, слитување на лим, сечење и монтажа на сендвич панели за кривови и фасади, монтажа на соларни панели и др.

Денес фирмата брои повеќе од 40 вработени, 10 постојани коопернати, 2 сопствени современи погони со работилници, со нови современи машини и свој возен парк.

Изведени објекти, сала за свадби во Визбегово

БИГМАК го поседува следниов машински парк

  • Roll forming машина со два БИГМАK профила TR 32/198 и TR 17/138, на која може да се врши профилирање на сите лимови на неограничена должина со точност во дел од милиметарот. Бојата на лимот е по изборот на нарачателот.
  • НОВА Roll forming машина со профил на БИМГМАК ТR 4/75 за профилињане на лимот во неограничени должини по желба на нарачателот.
  • БИГМАК поставува ФИЛЦ-антикондензант платно на лимовите со машинско лепење.
  • Апканти за изработка на лимена галерија:олуци, слемиња, ветерлајсни, иксни и други елементи од лим до 8 метра.
  • Roll forming машина за изработка на UD, CD, UW и CW профили за поконструкција на гипс картон плочи и други елементи за сува градба.
  • Машина за надолжно сечење на лим (слитување) до дебелина од 2 mm и ширини на ленти дадени од нарачателот.
Воедно, БИГМАК е еден од најстарите и најголемите застапници на реномираната австриска фирма RIGIPS и ISOVER и во својата програма ги нуди нивните производи.

БИГМАК во својата програма нуди и производство на поцинковани профили за појачување на ПВЦ профили од сите познати производители на ПВЦ програмата: REHAU, SALAMANDER, TROCAL, VEKA , PLUSTEC, NEISS PROFIL, како и изработка на профили по барани димензии со дебелини од 0,7 до 1,5 mm.